Дома Топ вести Шок и тpaгедија: Почина судија кој викендов му судеше на ПСЖ!

Шок и тpaгедија: Почина судија кој викендов му судеше на ПСЖ!

Француската јавност е шокирана со веста за смртта на познатиот судија Јохан Хамел.

Хамел починал откако добил мозочен удар за време на тренинг и набрзо починал. 42-годишниот судија не беше помеѓу судиите во Катар и паузата сакал да ја искористи за подобро да се спреми. Вчера како и многу пати претходно излегол на тренинг, меѓутоа набрзо му се слошило и се срушил на теренот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Лекарите интервенирале, меѓутоа можеле само да ја потврдат cмртта која настанала како последица од мозочен удар. Веста беше потврдена и од француската судиска организација.

Изминатиов викенд тој беше дел од судиската екипа на пресметката помеѓу ПСЖ и Оксер кој „светците“ го добија со 5:0, на овој дуел беше главен во ВАР собата. Последен пат на теренот беше на пресметката помеѓу Лил и Рен на 6. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вардар ги започна подоготовките во кои ќе одигра пет натпревари со силни противници

Од редовите на ФК Вардар денеска соопштија дека се започнати подготовките за новата сезона…