Дома Фудбал Репрезентации Халанд откри: Можев да играм за Англија

Халанд откри: Можев да играм за Англија

Eрлинг Халанд во овој момент дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери, меѓутоа Норвешка не се пласираше и нема да игра на Мундијалот кој ќе се игра во Катар.

Напаѓачот периодот додека многу негови колеги ќе бидат на Светското првенство ќе го искористи за одмор за предизвиците кои следат и вториот дел од сезоната во Премиер лигата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во разговор за британски „Гол“ Халанд изјави дека имал можност да игра Англија затоа што е роден во Лидс. Сепак победила желбата да го облече дресот на Норвешка.

„Роден сум во Англија, таму живеев три ипол години, но во Норвешка поминав многу повеќе време. За мене природно беше да ја изберам Норвешка, јас сум горд Норвежанец и чест ми е да го носам норвешкиот дрес“, изјави Халанд.

Сезонава Халанд игра во одлична форма и на 17 натпревари за „граѓаните“ постигна 23 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Џејми Варди има повеќе понуди, но очајно сака само во еден клуб

Џејми Варди, легендарниот напаѓач на Лестер, наводно очајно сака кариерата да ја продолжи …