Cмртта на познатиот агент Мино Раиола беше навистина тежок удар за Пол Погба, кој освен што имаше одлична соработка беше и добар пријател.
Агенцијата на Раиола ја наследи Рафаела Пимента и сега таа се грижи за неговата кариера. Погба открива дека и со Пимента има посебна врска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Рафаел Пимента е како моја втора мајка, ми помогна многу во минатото. Заедно со Мино секогаш беа тука за мене. Поради не сфатив многу работи кои се случуваат во фудбалот. Навистина е важна за мене и моите блиски. Таа беше дел од секоја важна одлука која ја донесов во кариерата“.
Французинот откри и како Раиола реагирал на договорот кој во минатото му го пондил Јунајтед.
„Кога бев млад во Манчестер Фергусон сакаше да потпишам нов договор и да останам во клубот. Но, кога дојде Мино и го виде договорот ме натера да станам и ми кажа – ова не би дозволил да го потпише ниту моето куче“, откри Погба.