Дома Фудбал Англија Емери на дебито во Астон Вила прекина негативна традиција долга 27 години

Емери на дебито во Астон Вила прекина негативна традиција долга 27 години

Фудбалерите на Астон Вила го совладаа Манчестер Јунајтед со 3:1 во натпреварот од 15. коло на Премиер лигата и со тоа го израдуваа Унаи Емери на неговото деби на клупата на овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Емери не можеше да сонува за подобар старт на клупата на тимот од Бирмингем, а Шпанецот денеска веќе прекина една од негативните традиции на Вила.

Имено, Астон Вила на победа против „црвените ѓаволи“ чека уште од август 1995 година, кога домашната екипа славеше на „Вила Парк“ со истиот резултат како и денес.

Стрелци за Астон Вила тогаш беа Иан Тејлор, Марк Дрејпер и Двајт Јорк, додека утешниот гол за Јунајтед го постигна Дејвид Бекам. Овој пат херои на навивачите на Вила беа Леон Бејли, Лука Дињ и Џејкоб Ремзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар пред натпреварот со Купс остана без двајца фудбалери

На само два дена пред првиот дуел со Купс во воведното квалификациско коло од Лигата на ша…