Дома Останати Тенис Мастерсот во Париз продолжува без најдобриот светски тенисер

Мастерсот во Париз продолжува без најдобриот светски тенисер

Светскиот рекет број еден Карлос Алкараз заврши со настапот на мастерсот во Париз откако во четвртфиналето беше поразен од неговиот врсник Холгер Руне од Данска.

Алкараз го предаде мечот поради повреда. 19-годишниот Данец направи брејк во првиот сет и го доби со 6:3. Во вториот се играше рамноправно се до 12 гем кога Алкараз побара медицински тајм-аут.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се жалеше Шпанецот на болки во стомачните мускули, меѓутоа не помина уште долго на теренот. После четири поени во тајбрејкот Алкараз го предаде мечот.

Така дуелот беше регистриран со победа од 6:3, 6-6 (3:1) за Руне. Треба да се спомене дека двајцата тенисери се разлика само шест дена и ова беше нивни прв официјален дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато колку всушност ќе заработи Алкараз од освојувањето на Ју-Ес Опен

Карлос Алкараз го освои Ју-Ес Опен во недела, откако во финалето го победи големиот ривал …