Откако заврши групната фаза во Лигата на Европа, веќе е јасно дека на напролет не чека натпреварување достојно на Лигата на шампионите.
За трофејот кој е во сопственост на Ајнтрахт Франкфурт ќе се натпреваруваат 24 екипи. Осум од нив се директно во осминафиналето, додека останатите 16 ќе играат плејоф за влез во осминафиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директен пласман во осминафиналето изборија победниците од групите во Лига Европа и тоа: Арсенал, Фенербахче, Бетис, Ројал Унион, Реал Сосиедад, Феенорд, Фрајбург и Ференцварош.
Во плеј-офот ќе се сретнат второпласираните од Лигата на Европа против третопласираните од Лигата на шампионите. Списокот е застрашувачки и нема сомнеж дека и во оваа фаза не очекуваат одлични дуели.
Второпласираните екипи во Лига Европа се: ПСВ, Рен, Рома, Унион Берлин, Манчестер Јунајтед, Митјиланд, Нант и Монако.
Третопласираните екипи во Лигата на шампионите се: Ајакс, Баер Леверкузен, Барселона, Спортинг, Салцбург, Шахтјор, Севиља и Јувентус. Ждрепката е во понеделник, а натпреварувањето ќе продолжи во февруари следната година.
Финалето на Лига Европа ќе се игра во Будимпешта на 31 мај 2023 година.