Дома Фудбал Останато УЕФА одлучи: И фудбалерките добиваат своја Лига на Нации

УЕФА одлучи: И фудбалерките добиваат своја Лига на Нации

Европската фудбалска унија го одобри започнувањето на новото национално женско натпреварување кое ќе води на Европското и на Светското првенство. Фудбалерките ќе добијат своја Лига на нации.

Во обид да се трансформираат натпреварувањата, Извршниот комитет на УЕАФ во средата ја одобри иницијативата за промена на системот на натпреварување во женскиот национален фудбал што на крајот ќе доведе до квалификации за Европско и Светско првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Измените беа предложени врз основа на опсежни дискусии и соработка со националните асоцијации и на крајот добија препорака од Комитетот на УЕФА за женски фудбал.

Кога ќе започне новиот формат, тој ќе претставува пат кон квалификациите за Евро 2025. Ќе започне есента 2023 година, а натпреварувањето ќе биде комбинација од Лигата на нации и европските квалификации, со промоција и испаѓање, како и дополнителни плеј-оф натпревари за пласман на Европското првенство.

Репрезентациите ќе бидат поделени во три дивизии, дивизиите ќе бидат поделени во групи по четири или три репрезентации и ќе се играат по системот на Лигата на нации – по два натпревари против секој, како домаќин и како гостин.

На крајот од Лигата на нации, победниците на групите од првата лига ќе играат финале во кое ќе се реши победникот во Лигата на нации. Секоја четврта година по три екипи од Европа на овој начин ќе се квалификуваат за Олимписките игри (победниците на групите од најсилната дивизија). =

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …