Дома Македонски спорт Мак фудбал Немало офсајд – исправно досуден пенал: Судиите погрешиле само за црвен картон на дуелот Струга – Брегалница

Немало офсајд – исправно досуден пенал: Судиите погрешиле само за црвен картон на дуелот Струга – Брегалница

И по ова коло во македонскиот фудбал објавена е судиската анализа на ФФМ, а најмногу по дуелите од последното коло се коментираше натпреварот Струга – Брегалница кој заврши со реми.

Според анализата на овој натпревар сите спорни ситуации судиите исправно ги процениле:


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На натпреварот  ФК Струга Т.Л. – ФК Брегалница  одигран на 30.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 24, 53 и 77 минута.

Главен судија: Благојче Ралевски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски;

24 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој во моментот кога му е додадена топката се наоѓаше во линија со претпоследнниот играч од одбраната на домаќините, истиот играч ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судијата, голот е регуларен, бидејќи играчот од нападот на гостите при додавањето на топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.

53. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините во шеснаесетникот на гостите сакаше да додаде топка до соиграч, но истата го удри играчот од одбраната во рака, која му беше спуштена до телото, во природна положба и мало растојание меѓу двата играча.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејќи топката кога го удри играчот во раката беше во природна положба, исто така судијата во оваа ситуација е одлично поставен и има добра прегледност.

 77. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри),

 ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недоделен црвен картон)

Играч од екипата на домаќините влегува странично во петерец сам пред голманот на гостите и во тој момент е турнат од гостински одбранбен играч од позади (во грбот) со рака, напаѓачот губи чекор и паѓа, главниот судија со двоумење, но оправдано досудува удар од 11 метри и доделува жолт картон.

Исправна одлука на главниот судија за досуден удар од 11 метри (туркање од зад грб), меѓутоа погрешна одлука на главниот судија за доделена дисциплинска мерка жолт картон. Во оваа ситуација судијата треба да додели ЦРВЕН картон на играчот на гостите за туркање, бидејки напаѓачот на домаќините се наоѓаше во очигледна шанса за гол (сам пред голман).

Целосната анализа за останатите натпревари можете да ја погледнете – ТУКА.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…