Дома Фудбал Италија Раиола: Навивачите на Милан да му се извинат на Донарума, недостасува напаѓач за Скудето

Раиола: Навивачите на Милан да му се извинат на Донарума, недостасува напаѓач за Скудето

Контроверзниот агент Мино Раиола даде опширно интервју за италијанските медиуми и меѓу другото зборуваше за „случајот Донарума“, кој беше главна тема на Апенините ова лето.

Мино Раиола најпрво соопшти дека Донарума нема да го продолжи договорот со Милан, па откако младиот гоман беше „масакриран“ од страна на навивачите, но и неутралната спортска јавноста, сепак се предомисли и стави потпис на нов договор со „росонерите“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Сите го осудуваа Донарума, а никој не му се извини. Ние сме единствената земја на светот каде навивачите мислат дека можат да го водат клубот. Мораме да се ослободиме од културата на страв од навивачите. Џиџо остана во Милан бидејќи тој сакаше и го сака клубот, сите го напаѓаа, а сега никој не му се извинува“, изјави Раиола.
Раиола потоа даде свое видување за Серија А и смета дека Јувентус и понатаму е главен кандидат за Скудетото.

„Јувентус е актуелен шампион и според мене сеуште најсилен тим во лигата. Наполи е најблиску до и може да го освои Скудетото оваа година. Рома може да биде пријатно изненадување, а што се однесува до Милан, мислам дека им недостасува напаѓач од светска клада. Останува да видиме“, додаде Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерите на Атлетико ги поздравија навивачите кои го предизвикаа прекинот, остатокот од стадионот збесна 🎥

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во вчерашното дерби налутија голем дел од своите фанови кои…