Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ одигра полувреме за историја, Далас поразен

Дончиќ одигра полувреме за историја, Далас поразен

Далас и Лука Дончиќ доживеаа нов пораз од Њу Орлеанс (113-111) во НБА лигата, меѓутоа Словенецот повторно влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига.

Со 37 поени Дончиќ беше прв стрелец, додаде уште 11 асистенции и седум скока. Но Словенецот беше лош во шутот за три поени каде што имаше само 2/13. Сепак, стана првито играч на Далас кој ја отворил сезоната со над 30 поени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Посебно добар Дончиќ беше во првото полувреме во кое постигна 22 поени и уште шест пати асистираше. Вакво полувреме не одиграле многу кошаркари, меѓутоа одигра и Никола Јокиќ.

Во второто полуврме подзастана, па постигна уште 15 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Детроит 120-99, Њу Орлеанс – Далас 113-111, Оклахома – ЛА Клиперс 108-94, Феникс – Голден Стејт 134-105.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…