Луис Суарез бара нов договор од Барселона и сака да биде изедначен по примањата со Нејмар, а раководството на Каталонците е спремно да го задоволи неговите барања.
Уругваецот моментално заработува 10 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе заработува неверојатни 16 милиони, исто колку и Нејмар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона е отворена за преговори, иако тоа додатно ќе го оптерети буџетот за плати кој и моментално е многу висок.
Суарез моментално има 29 години, според новиот договор ќе остане во Барселона до 2020 година и ќе заработи 65 милиони евра.
Каталонскиот клуб е отворен да ги задоволи неговите барања бидејќи Суарез е незаменлив дел од тимот и според бројот на головите и асистенциите е еден од најуспешните во историјата на клубот.