Дома Останати Авто Мото ФИА го казни Алонсо: Остана без бодови oд трката во САД

ФИА го казни Алонсо: Остана без бодови oд трката во САД

Љубителите на Формула 1 и синоќа уживаа во одлична трка во Остин за Големата награда на САД, која на крајот му припадна на Макс Ферстапен, но неверојатен на патеката беше и искусниот Фернандо Алонсо.

Ферстапен неколку круга пред крајот на трката го престигна лутиот ривал Луис Хамилтон и ја потврди доминацијата на Ред Бул оваа сезона со тоа што ја добија и шампионската титула во конструктори.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, во центар на внимание беше и судирот на Алонсо кој буквално полета во воздух со болидот по судирот со Ленс Строл, но успеа да стигне до боксот и да ги замени оштетените делови, по што заврши во топ-10.

Во еден момент од трката му се откачи и ретровизорот, а тоа ФИА го опиша како возење во небезбедни услови и го казни со 30 секунди, по што Алонсо падна дури до 15. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…