Тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ стана хит на интернет и ја воодушеви цела Италија со изјавата која ја даде на еден италијански новинар.
Новинарот го праша Михајловиќ дали е тешко младиот Марко Бенаси со само 22 години да биде капитен на Торино, а српскиот тренер му одржа животна лекција.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Не, тешко е да стануваш во пет наутро, да бидеш на работа од 6, да работиш цел ден и на крајот да не успееш да врзиш крај со крај до крајот на месецот. Тоа е тешко. Да се игра фудбал е задоволство и привилегија, мора да биде горд што на 22 години е капитен на Торино. Тој е среќен човек, како и сите ние кои се занимаваме со фудбал на ова ниво“, заклучи Михајловиќ.
Ваквата животна лекција на Михајловиќ стана хит на интернет и за само 48 часа ја прегледаа 1,3 милиони луѓе.