Дома Фудбал Репрезентации Хрватска мака мачеше, но успеа да слави (Видео)

Хрватска мака мачеше, но успеа да слави (Видео)

Хрватска се извлече и успеа да го сочува првото место на табелата во групата во рамки на мундијалските квалификации. „Ватрени“ тешко стигнаа до трите бода и ги задржаа објективните шанси да се пласираат на петтото СП.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кога не можеа напаѓачите, а играа Мандџукиќ, Перишиќ, Калиниќ и Крамариќ, погодокот вреден три бода го постигна стоперот. Домагој Вида во 74. минута остана заборавен во петтерецот на гостите и со глава реагираше на центаршутот од Лука Модриќ за 1:0.

Инаку за потсетување, денеска се доигра мечот помеѓу Хрватска и Косово, со оглед на тоа дека синоќа нивниот меч беше прекинат поради временските услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Oдлуката е донесена: Познато е кој ќе дојде во Ливерпул наместо Салах

Раководството на Ливерпул конечно донесе одлука за тоа кој играч ќе го замени Мо Салаха во…