Дома Останати Кошарка НБА Леброн испиша историја, но дербито за Клиперси, Јанис го водеше Милвоки до победа 🎥

Леброн испиша историја, но дербито за Клиперси, Јанис го водеше Милвоки до победа 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа два натпревари, а еден од дуелите беше дербито помеѓу Клиперси и Лејкерси.

Леброн Џејмс испиша историја влегувајќи во топ 10 „тројкаши“ во НБА лигата, но неговиот тим го загуби натпреварот од Клиперси со 97:103. За истакнување е што Клиперси водеа со 15 разлика во третата четвртина, а во еден момент Лејкерси во последниот период имаа водство од 89:87. Меѓутоа до крајот Клиперси го врати водоството и славеше.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


Пол Џорџ и Вал беа најефикасните кај Клиперси со по 15 поени додека кај Лејкерси, Вокер уфрли 26, Дејвис 25, додека Леброн забележа дабл-дабл со 20 поени 10 скока.

Јанис Антетокумпо го водеше Милвоки до победа против Филаделфија со 88:90. Домаќините предводени од Харден играа добар натпревар, меѓутоа на крајот како клучен момент може да се издвои тројката на Метјуз на 24 секунди пред крајот. Харден беше најефикасен на мечот со 31 поени, Јанис кај Милвоки постигна 21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Борко Ристовски го напушта Вардар!

Преку социјалните мрежи Борко Ристовски информираше дека ги напушта редовите на РК Вардар.…