Стивен Џерард и официјално доби отказ во Астон Вила после поразот од Фулам. Клубот доцна вечерта го потврди отказот со кратко соопштение.
Астон Вила влезе во лоша серија и се блиску до зоната за испаѓање, освен ветувачкиот старт Џерард не покажа дека е достоен за клупата на Вила. Во 2022 година со тимот освојуваше во просек поен по натпревар и тоа не беше доволно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изминатото лето Вила потроши околу 60 милиони евра на засилување, а се шпекулира дека нема да жалат пари и за доведување на ново големо тренерско име на клупата. Прва желба е Покетино, покрај него тука е Тухел.
Англичаните пишуваат дека новиот тренер на Астон Вила ќе биде еден од најплатените во светот и така сакаат да привлечат големо име.