Дома Останати Потврдено каде и кога: Фјури се враќа во рингот, но не против Џошуа

Потврдено каде и кога: Фјури се враќа во рингот, но не против Џошуа

Боксерскиот светски шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Тајсон Фјури ја договори борбата со која се враќа во рингот.

Иако Фјури порачуваше дека ќе се врати во рингот само за борба против неговиот сонародник Ентони Џошуа, сепак тој нема да биде негов ривал. Фјури ќе ги вкрсти ракавиците со Дерик Чисора.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борбата е закажана на 3. декември и ќе се одржи на стадионот на Тотенхем. За многумина терминот и местото на одржување е изненадување поради ниските температури во овој период од годината во овој дел.

Информациите од Островот се дека рингот ќе биде покриен, па така боксерите нема да имаат проблеми со ладното време. Сепак, тоа нема да биде олеснителна околност за публиката која ќе мора подобро да се облече.

За Фјури ова ќе биде трета борба со Чисора, претходните две ги доби убедливо. Ќе потсетиме неговата последна борба беше во април кога го победи Дилијан Вајт на „Вембли“, а после таа борба најави пензионирање. Очигледно не издржа долго…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…