Откако вчера започна новата сезона, изминатата ноќ продолжија возбудувањата во НБА лигата.
Лука Дончиќ и Далас забележаа пораз на првиот натпревар во сезоната од Феникс со 107:105. Имаа шанси кошаркарите на Далас да стигнат до победа, но Дончиќ не го погоду шутот за три од осум метри.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, Словенецот беше најдобар на паркетот и натпреварот го заврши со 35 постигнати поени, имаше 13/13 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште девет скока и шест асистенции. Во редовите на Феникс со 28 поени и 9 асистенции најдобар беше Букер.




Одлична вечер имаше и Никола Јокиќ, но и српскиот кошаркар не беше доволен за победа на Денвер кој беше убедливо поразен од Јута со 123:102. Јокиќ постигна 27 поени, подели шест асистенции и додаде уште четири скока. Кај Јута најдобар беше Секстон со 20 поени и пет скока.




НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Орландо 113-109, Индијана – Вашингтон 107-114, Алтанта – Хјустон 117-107, Бруклин – Њу Орлеанс 10-8-130, Мемфис – Њујорк 115-112 (прод.), Мајами – Чикаго 108-116, Торонто – Кливленд 108-105, Минесота – Оклахома 115-108, Сан Антонио – Шарлот 102-129, Јута – Денвер 123-102, Феникс – Далас 107-105, Сакраменто – Портланд 108-115.