Нови лоши вести пристигнуваат за Милан, првиот голман французинот Мајк Мањан ја обновил повредата на мускулот на ногата.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мањан се повреди во септември за време на репрезентативните обврски за Франција во Лигата на Нации. Од тој момент голот на „росонерите“ го чуве резервниот голман Ципријан Татарушану.




На неколку натпревари отсуството на Мањан сериозно се почувствува затоа што станува збор за најдобриот голман во Серија А и сигурно еден од најдобрите во светот.




Во следните десет дена ќе се прават нови прегледи на повредата и тогаш би требало да се знае поточно колку Мањан ќе биде надвор од терените.