Дома Фудбал Реал ќе мора да плати бонус за трансфер од пред 13 години

Реал ќе мора да плати бонус за трансфер од пред 13 години

Откако Карим Бензема синоќа ја доби „Златната топка“ Реал Мадрид ќе мора да му плати бонус на неговиот поранешен клуб Лион.

Имено, кога во 2009 година го продаде Карим Бензема на Реал Мадрид, претседателот на Лион Жан Мишел Аулас се осигура со бонус во случај Французинот да ја добие „Златната топка“

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тоа се случи 13 години подоцна, па според „Екип“, Реал Мадрид ќе мора да му плати на францускиот клуб сума од еден милион евра.

Реал своевремено плати 35 милиони евра за Бензема, плус разни бонуси, меѓу кои еден условен со добивање на „Златната топка“.

Лион сигурно е среќен што нивното „дете“ беше избран за најдобар фудбалер во светот, па ќе си добие и солидна сума како бонус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Франс Фудбал“ проемни едно важно правило за да не се знае освојувачот на „Златната топка“ до последен момент

Златната топка вечерва на свечената церемонија во Париз во Театарот „Шатле“ во Париз. Лами…