Дома Топ вести Aнчелоти: Претходното „Ел Класико“ го изгубивме поради мои егзибиции

Aнчелоти: Претходното „Ел Класико“ го изгубивме поради мои егзибиции

Вчера Реал Мадрид ја победи Барселоан со 3:1 и така си направи предност на врвот на табелата во Ла Лига од 3:1.

Победата на Реал ја донесоа Бензема, Валверде и Родриго и тимот на Карло Анчелоти од почетокот на првенствот оод можни 27 бода освои 25. Новинарите после натпреварот го запрашаа и што смета дека беше клучно за победата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Колективната игра…Кога играте против екипа како Барселона мора да бидете колективно на ниво, ние денес (вчера) го направивме тоа и во напад и во одбрана. Тимот беше добар и со топка и без“, изјави Анчелоти.

Потсетен беше италијанскиот стратег на последното „Ел Класико“ кое Барселона го доби со 4:0.

„На тој натпревар изгубивме поради мои егзибиции…Сакав да измислам нешто и не поминам добро. Овојпат не измислував, сите играа на свои позиции и беа одлични. Модриќ беше спектакуларен на средината“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…