Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд повторно бил уапсен ова утро, пренесуваат медиумите на Островот.
Имено, Гринвуд ги нарушил условите на мерката со која беше пуштен на слобода под гаранција, додека се процесуира делото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во јануари 21-годишниот фудбалер беше приведен со обвинение за силување, телесна повреда и закани за убиство на бившата девојка.
Тој беше пуштен со кауција, но сега се покажа дека остварил контакт со девојката која беше жртва, па така го нарушил еден од условите на мерката.
Веднаш после скандалот Манчестер Јунајтед му забрани на фудбалерот да доаѓа во тренинг центарот, но и покрај тоа продолжи да му ја плаќа платата од 75.000 фунти неделно.