Дома Фудбал Мбапе не е единствен кој го изневерил Реал ова лето

Мбапе не е единствен кој го изневерил Реал ова лето

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе летово требаше да се пресели во Реал Мадрид, но во последен момент се предомисли и потпиша нов договор со ПСЖ.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека е измамен поради потегот на Мбапе, па сега не сака да тргне по потписот на Французинот кој кажа дека не е среќен во ПСЖ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пишуваат дека Мбапе не е единствен кој го изневерил Реал Мадрид, туку тоа го направил и Луис Кампос.

Познатиот спортски работник имал договор со шпанскиот шампион за преземање на позицијата на спортски директор, но потоа се појавил ПСЖ.

Парижаните испратиле понуда каква што не се одбива и му ветиле огромна моќ, па затоа Кампос се преселил во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед нуди на Белингам 15 милиони годишно за договор од 6 години

Манчестер Јунајтед пројавува интерес за напаѓачкиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, …