Дома Останати Кошарка Уште еден одличен натпревар за Димитријевиќ: Постигна 19 поени во победата на Уникс

Уште еден одличен натпревар за Димитријевиќ: Постигна 19 поени во победата на Уникс

Maкедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар за Уникс Казан.

Уникс Казан денес славеше против Нижни Новгорд (75:57), а Димитријевиќ постигна 19 поени. Натпреварот беше решен во втората четвртина која Уникс ја доби со 21:6. Од тој момент ја одржуваа предноста и стигнаа до третата победа сезонава во ВТБ лигата.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Покрај 19 поени, Димитријевиќ додаде уште два скока и три асистенции. Претходно Уникс славеше против Зенит и Енисеј, додека во следниот натпревар ќе игра против Астана. Треба да се спомене и дека во минатото коло Димитријевиќ беше избран во најдобрите 11.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Гобер тргна кон Јокиќ, но удри во „ѕид“ (Видео)

Кошаркарите на Денвер денеска ги победија Минесота во Минеаполис со резултат 123:112 во на…