Сезонава на велешки Борец во Втората лига не му оди и после седум кола овој тим се наоѓа на дното на табелата без ниту еден освоен бод.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради лошите резултати очекувано дојде до промена на клупата, а клубот ќе го преземе тренерот Никола Коки Аврамовски. Заедно со Аврамовски ќе работи Туш Зефиќ кој ќе му биде помошник и ќе се обидат да го спасат клубот од испаѓање.




Дебито ќе го имаат веќе против Детонит во Радовиш следниот викенд. Претходно клубот се раздели со Благој Петров и Димче Тодоровски.