Дома Фудбал Италија Верона го избра новиот тренер

Верона го избра новиот тренер

Екипата Верона денеска го назначи Салваторе Бокети за нов тренер.

Бокети го замени Габриеле Кофи, кој во вторникот доби отказ поради лошите резултати. Верона по девет кола во италијанското првенство има една победа и пет бода и се наоѓа во зоната за испаѓање, на 18. место на табелата.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Бокети минатата сезона му беше помошник на Иван Јуриќ и заедно ја предводеа Верона до 10. место на табелата. Потоа Јуриќ го презеде Торино.

Ова е прва тренерска работа на 35-годишниот Бокети во сениорска конкуренција. Бидејќи се уште нема тренерска лиценца од УЕФА, ќе биде придружуван од член на стручниот штаб кој ја поседува таа лиценца.

Во текот на кариерата Бокети настапуваше за Џенова, Рубин Казан, Спартак Москва, Милан и Верона, а забележа и пет настапи за италијанската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездите на Реал се бесни: Со оваа одбрана не би се квалификувале ниту за Конференциската лига

Нов пораз за Реал Мадрид во сезоната која за „кралевите“ како да нема крај. Поразот од Бар…