Дома Фудбал Рамос ја дозна казната за црвениот картон против Ремс

Рамос ја дозна казната за црвениот картон против Ремс

ПСЖ во натпреварот од 10. коло во француската Лига 1 ремизираше против Ремс 0:0.

Од 41. минута ПСЖ имаше играч помалку откако исклучен беше Серхио Рамос. Шпанскиот дефанзивец прво заработи жолт картон, а веднаш потоа доби и втор поради протестите кај судијата.

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Франција му ја одреди казната и Рамос може да биде задоволен што помина со суспензија од три натпревари.

Така нема да го гледаме во дербито против Марсеј за три дена, потоа на гостувањето кај Ајачио и на уште еден домашен дуел против Тројес. Во Лига 1 Рамос би требало да заигра на 6. ноември кога ПСЖ ќе гостува кај Лориент.

Со оглед на тоа дека ќе одмара во првенството Галтиер веројатно ќе го користи во натпреварите против Макаби Хаифа и Јувентус на 25. октомври и 2. ноември. Рамос може да биде задоволен со добиената суспензија од три натпревари бидејќи за навреди кон судијата му се закануваше суспензиај од седум натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…