По четвртото коло во Лигата на шампионите, се поизвесно е дека неколку гиганти напролет наместо во Лигата на шампионите ќе продолжат во Лигата на Европа!
Најголемите изненадувања секако се лошите резултати на Барселона и Јувентус, кои многу веројатно се веќе во Лига Европа, бидејќи Интер и Бенфика се на чекор до пласман во следната рунда. Атлетико Мадрид е третото големо непријатно изненадување, бидејќи моментално е трет на табелата, но има поголеми шанси од Барселона и Јувентус да се избори за место во нокаут фазата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Атлетико зависи од Клуб Бриж, кој се пласираше во осминафиналето, а во следното коло го чека Порто, додека Чаби Алонсо пристигнува во Мадрид со Леверкузен. Таа група е целосно отворена, Порто има 6, Атлетико 4, а Леверкузен 3 бода, па секој има свои шанси. Меѓутоа, доколку Атлетико ги добие двата натпревари, Баер дома и Порто на гости тие ќе се пласираат во следната фаза.
Извесно е дека натпреварувањето во Лига Европа ќе продолжи со Ајакс кој има шест бода помалку од Ливерпул и не може да дојде до нив, додека трет во својата група е и Милан.
Во таа група „Е“ лидер е Челзи со 7, Салцбург има 6, а Милан и Динамо имаат по 4 бода, така што овде се е уште отворено, исто како и во групата „Д“ каде Тотенхем води со 7, а Марсеј и Спортинг имаат по 6. поени.
За крај Севиља сигурно оди во Лига Европа, се разбира доколку го победи Копенхаген на домашен терен, моментално двете екипи имаат по два бода, Дортмунд 7, а Сити помина со 10.
Ако на тоа се додаде дека во Лига Европа веќе се одличниот Арсенал, Манчестер Јунајтед, Рома на Мурињо, непријатните Бетис и Реал Сосиедад, Лацио, тогаш навистина е очигледно дека Лигата на Европа ќе биде посилна од кога било во пролет.