Дома Фудбал Италија Фантастичниот Грузиец на Наполи од вчера има прекар по легендарниот Марадона

Фантастичниот Грузиец на Наполи од вчера има прекар по легендарниот Марадона

Тимот на Наполи игра фантастична сезона и изгледа незапирливо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот тим после четири одиграни натпревари во Лигата на шампионите има четири победи со 12 бодови и веќе го обезбеди пласманот во осминафиналето, прашање е само од која позиција ќе оди во нокаут фазата. Вчера со 4:2 го совладаа Ајакс и одличен натпревар повторно одигра Квича Кварташкелија.

Грузиецот прво запиша асистенција за Распадори во 16. минута, а потоа самиот се запиша во листата на стрелци во 62. минута. После сите одлични настапи за Наполи сезонава Кварташкелија доби нов прекар и тоа по легендарниот Диего Марадона.

„Кварадона“ е новиот прекар на грузискиот фудбалер и тоа го објавија луѓето на официјалниот сајт на Лигата на шампионите.

Во сите конкуренции сезонава Кварташкелија има 13 натпревари и седум голови и уште толку асистенцци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Светот беше згрозен од начинот на кој беше пречекана химната на Иран во Калифорнија (Видео)

Пред почетокот на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло на Светското првенство…