Серхио Рамос во изминатото коло од француската Лига 1 против Ремс заработи црвен картон, а француските медиуми пренесуваат дека стоперот би можел да добие сериозна суспензија.




„РМЦ Спорт“ објави дека судијата во извештајот не спомнал навреда од дефанзивецот, туку исклучувањето било поради агресивен прекршок откако го добил првиот жолт картон.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, на снимката која ја објави Канал плус може да се види дека Рамос на судијата му се обратил со „пута мадре“ на шпански. Ако ваквите информации се покажат како точни, тогаш Рамос би можел да биде суспендиран на дури седум натпревари.




Засега во тек е истрагата на надлежните и се очекува одлуката…