Дома Фудбал Останато Ал-Келаифи експресно реагирал: Ако Мбапе сака да замине два услови мора да се исполнат

Ал-Келаифи експресно реагирал: Ако Мбапе сака да замине два услови мора да се исполнат

Главна тема денес во фудбалскиот свет е Килијан Мбапе, францускиот медиуми попладнево објавија дека Мбапе поради неисполнети ветуваања од потпишаниот договор сакал да го напушти Париз.

Последната вест која доаѓа од Париз е дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи му испратил порака на Мбапе и му поставил два услова кои мораат да се исполнат за тој да замине.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првиот услов бил дека клубот кој го сака мора да плати оштета од 400 милиони евра, а вториот дека не смее да потпише за Реал Мадрид.

Од Англија се појави вест дека Ливерпул може да го понуди Салах, но сето тоа во овие моменти е во рамките на шпекулациите. Тешко е и да се поверува дека некој клуб може да плати 400 милиони евра, можеби би можел Манчестер Сити, но тие во овој момент немаат потреба од Французинот.

Како и да во наредниот период сигурно многу ќе се пишува за ПСЖ и Мбапе, па ќе видиме како се ќе се заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се прости од новинарите кои го следат Ливерпул. Еве како ги насмеа

Јирген Клоп го одработи својот последен натпревар како тренер на Ливерпул, клубот во кој с…