Дома Фудбал Италија Дибала се повредил изведувајќи пенал, ќе го пропушти Мундијалот

Дибала се повредил изведувајќи пенал, ќе го пропушти Мундијалот

Ѕвездата на Рома, Паоло Дибала во победата против Лече постигна гол од пенал, но при изведувањето на пенал Аргентинецот се повредил.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што потврди и тренерот на Рома, Жозе Мурињо, Дибала поради таа заработена повреда најверојатно ќе го пропушти Мундијалот во Катар кој стартува на 20. ноември.

„Повредата на Паоло изгледа навистина лошо. Искрено ќе речев само лошо, но кога разговарав со него дознав дека е многу лошо“, изјави Мурињо.

Денес се очекуваат деталните прегледи после кои ќе биде и конечно познато колку ќе паузира фудбалерот на Рома.

„Моето мислење е дека нема да се врати до крајот на годината. Многу е разочаран“, истакна Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…