Флорентино Перез вчера објави дека го добил случајот против шпанскиот магазин „Конфиденсијал“, кој траеше неколку месеци.
Перез го почна случајот минатата година, кога медиумот објави аудио снимка од негов разговор со лице во далечната 2006 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На аудио снимката можеше да се слушне како Перез ги критикува Раул, Икер Касилјас и други ѕвезди, а поради тоа претседателот реши да си ја побара правдата.
Перез смета дека медиумот го прекршил законот, зашто објавил приватни снимки и немале дозвола за тоа, а на крајот Судот во Мадрид досуди во негова корист.
Првиот човек на шпанскиот шампион реши да направи уште еден потег, а тоа е да побара само едно евро како отштета од медиумот, како и извинување.