Тажни вести пристигнуваат од светот мотоциклизмот, семејството на Фил Рид објави дека денес 83-годишниот поранешен мотоциклист починал.
Рид стана првиот мотоциклист во историјата кој ги освоил светските шампионати до 125, 250 и 500 кубици. Во својата кариера стигна до вкупно седум светски титули.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Низ кариерата беше голем ривал со сонародникот Мајк Бајк Хелвуд и Италијанецот Џакомо Агостини. Кариерата ја заврши со 52 победи.
Активен на патеките беше од 1961 до 1976 година. Во 2013 година поради неговите достигнувања беше прогласен за „мото ГП легенда“.