Дома Фудбал Репрезентации ФИФА го промени форматот на квалификациите за СП 2026 – добри вести за јужноамериканците!

ФИФА го промени форматот на квалификациите за СП 2026 – добри вести за јужноамериканците!

Останува уште нешто повеќе од еден месец до почетокот на Светското првенство во Катар, а Јужноамериканската фудбалска конфедерација (KONMBEOL) веќе размислува за Светското првенство во 2026 година.

Светското првенство во 2026 година ќе биде прво во историјата што ќе се одржи во три земји (САД, Канада и Мексико) и со 48 учесници. Сепак, тоа не е единствената новост.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФИФА објави дека во рамките на КОНМЕБОЛ во квалификациите за следното Светско првенство директен пласман наместо досегашните четири ќе имаат шест репрезентации.

Исто така, екипата која ќе го заземе седмото место ќе има шанса преку плеј-офот да се пласира на најголемиот фудбалски турнир во светот. Тоа значи дека само три јужноамерикански репрезентации ќе останат без никакви шанси за пласман.

За потсетување, Јужна Америка на Светското првенство годинава во Катар (од 20 ноември до 18 декември) ќе ја претставуваат Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…