Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Украина се приклучи на кандидатурата за домаќин на СП 2030

Потврдено: Украина се приклучи на кандидатурата за домаќин на СП 2030

Денес официјализирана е кандидатурата за Украина да биде еден од домаќините на Светското првенство во 2030 година.

Португалија и Шпанија како и што најавуваа ја приклучија Украина и денес до УЕФА ја доставија својата кандидатура. Засега покрај оваа кандидатура познати се уште кандидатурите на Грција-Египет- Саудиска Арабија и Аргентина-Уругвај-Чиле-Парагвај.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во јавноста кандидатурата на Шпанија, Португалија и Украина ја потврдија претседателите на овие три федерации.

„Повеќе нашата понуда не е ибериска, туку европска. Верувам дека ова е уште подобра понуда. Фудбалот е универзална работа и може да ги менува луѓето, како и да им дава надеж“, изјави Рубиалес.

Иако реакции во јавноста сигурно ќе има поради актуелната состојба во Украина, ќе почекаме да видиме каква ќе биде одлуката на ФИФА. Мундијалот оваа година ќе се игра во Катар и започнува за помалку од два месеци, додека следниот во 2026 ќе го организираат САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…