Дома Топ вести За иднината на Меси се огласи и Фабрицио Романо

За иднината на Меси се огласи и Фабрицио Романо

Во медиумите вчера се појави информација дека Лионел Меси ќе се врати во Барселона, а набрзо по ваквата вест се огласи и експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на Меси со Пари Сен Жермен завршува на крајот на оваа сезона и веќе се најавува дека би можел да се врати на „Ноу Камп“, но информациите на Романо се поинакви.

Повикувајќи се на извори блиски на Аргентинецот, Романо објасни дека Аргентинецот се уште нема донесено никаква одлука.

„Извор близок до Меси ме информираше дека тој одлука за својата иднина ќе донесе во 2023. Во Барселона навистина се разгледува опцијата да биде вратен, но и ПСЖ сака да го продолжи неговиот договор. Меси во овој момент не донел одлука ниту да се врати во Барселона, а ниту да потпише нов договор со ПСЖ“, објави Романо.

Во овој момент фокусот на Меси е Светското првенство кое веројатно е последното кое може да го освои со Аргентина, одлуката за кариерата ќе ја донесе по завршувањето на истото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…