Дома Останати На еден од најдобрите скијачи на сите времиња му е откриен рак!

На еден од најдобрите скијачи на сите времиња му е откриен рак!

На еден од најдобрите скијачи во историјата и двократен олимписки шампион, му е дијагностициран рак на тестисите.

Свиндал се пензионираше во 2019 година и остави длабока трага во овој спорт. Според информациите тој имал среќа што болеста му била откриена во раната фаза. Операцијата која е неопходна е веќе закажана, а прогнозите се позитивни.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Изминатите неколку недели беа поинакви. Добро е што можам да кажам недели, благодарение на медицинската помош. Благодарен сум на здравството во Норвешка. Не бев сигурен за што се работи, но почувствував промена во моето тело, па отидов да се проверам“.

„Во болницата набрзо ги потврдија моите сомнежи. Ми беше дијагностициран рак. Сите тестови и скенирања беа направени брзо, по првата недела прогнозите беа добри“, објави Свиндал на социјалните мрежи.

Во кариерата тој после двете олимписки злата има девет медали од Светските првенства и два кристални глобуси од Светскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…