Дома Тенис Одржан ждребот: Ѓоковиќ ги дозна противниците за турнирот во Тел Авив

Одржан ждребот: Ѓоковиќ ги дозна противниците за турнирот во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ настапи на турнирот во Тел Авив од серијата АТП 250, денес ги дозна и противнциите.

Српскиот тенисер ќе биде слободен во првото коло, а потоа ќе се сретне со подобриот од мечот помеѓу Тиаго Монтеиро и Пабло Андухар. Проектираната ждрепка носи можна пресметка меѓу Ѓоковиќ и Талун од Холандија.

Ако Ѓоковиќ ја помине и таа пречка ќе игра против Диего Шварцман или Аслан Карацев. За Ѓоковиќ ова е прв официјален турнир после паузата затоа што не можеше да игра на американската турнеја затоа што не е вакциниран против ковид-19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Рибакина загуби сет, па со убедлив финиш обезбеди полуфинале во Нингбо

Елена Рибакина ја совлада Катажина Кава со 6:1, 3:6, 6:1, а за место во финалето во Нингбо…