Дома Останати Кошарка Евробаскет Прва сензација на Евробаскетот: Финска ја покори големата Франција (видео)

Прва сензација на Евробаскетот: Финска ја покори големата Франција (видео)

Финската кошаркарска репрезентација го приреди првото големо изненадување на Европското првенство во кошарка. Финците како домаќини, во рамки на А групата, пред домашната публика ја совладаа Франција по дополнителните пет минути со 86:84. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 72:72.

Домаќинот на оваа група во текот на целиот натпревар имаше приклучок со фавризираните Французи. Кога „триколорите“ во последната четвртина предводени од Фурније и Де Коло се одлепија на осум поени делуваше дека победникот е решен, но Финците носени од публиката не се предадоа.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Најпрвин со тројката на Салин на 70 секунди до крајот израмнија на 70:70, а по поените на Фурније, Вилсон на 15 секунди до крајот избори продолженија за Финска.

Во дополнителните Финска беше подобра, имаа Финците 84:79, а мечот во егал го врати Фурнија со тројка на 26 секунди до крајот (84:84).

Сепак на пет секунди до крајот повотрно Вилсон постигна поени со кои Финска ја забележа првата победа во групата.

Марканен ја предводеше Финска со 22 поени, додека херојот Вилсон уфрли 12 кошеви. Кај Франција се истакнаа Фурније со 25 и Де Коло со 21 поен.

Во второто коло Финска ќе игра против Словенија, а Франција против Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално…