Репрезентацијата на Италија се подготвува за дербито против Англија во Лигата на нации, кое вечерва се игра во Милано.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Навивачите на Милан имаат „проблем“ со Донарума по неговиот слободен трансфер во ПСЖ и се очекува дека голманот ќе биде исвиркан на „Сан Сиро“.




Бонучи брутално ги навреди навивачите и изјави дека тие кои ќе го исвиркаат Донарума се без мозок.




„Кој и да исвиркува играч на италијанската репрезентација за мене е човек без мозок, во тој момент играчот ја претставува целата нација. Донарума не беше првиот што беше исвиркан и нема да биде последен. Мораме да пораснеме од културна гледна точка“, истакна Бонучи.
Последниот пат кога Италија играше на Сан Сиро, Донарума доби големи свирежи од трибините.