Дома Фудбал Репрезентации Коронавирусот повторно: Две ѕвезди на Баерн отпаднаа од германската репрезентација!

Коронавирусот повторно: Две ѕвезди на Баерн отпаднаа од германската репрезентација!

После подолго време коронавирусот повторно прави проблеми во фудбалот, овој пат тоа е случај во репрезентацијата на Германија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капитенот на Баерн Минхен и германската репрезентација Мануел Ноер, како и неговиот клупски колега Леон Горецка ќе го пропуштат овој циклус натпревари од Лигата на Нации поради коронавирусот.

Двајцата фудбалери на Баерн добиле позитивни тестови пред почетокот на тренинзите со репрезентацијата и веднаш биле отстранети и изолирани од останатите репрезентативци.

Останатите во германската репрезентација можеле да продолжат со тренинзите откако добиле негативни тестови. Селекторот Ханси Флик како замена за Ноер го повик Оливер Бауман, додека не се реши да повикува друг играч на местото на Горецка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мереска добива шампионски тим – подготвени се две фантастични засилувања!

Енцо Мереска ќе биде назначен како нов менаџер на Манчестер Сити во текот на следната неде…