Дома Македонски спорт Бејтулаи: Чест е да се биде во репрезентацијата, времето покажа дека работите доаѓаат на свое место

Бејтулаи: Чест е да се биде во репрезентацијата, времето покажа дека работите доаѓаат на свое место

Во последен момент поради повредата на Стефан Ристовски дополнително во националниот тим беше повикан Егзон Бејтулаи за кого ова е кам-бек после подолго време.

Бејутлаи истакна дека секогаш за него е чест кога ќе добие повик, а за периодот во кој не добивал повици бил сконцентриран на настапите за Шкендија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„За секој играч е чест кога ќе се добие повик од репрезентацијата. Тоа значи препознавање на добрата работа во вашиот клуб. За времето во кое не добивав повици бев смирен и сконцентриран на тренинзите и натпреварите за Шкендија. Времето покажа дека работите доаѓаат на своето место“, изјави дефанзивецот.

Македонската репрезентација денес патува за Грузија каде што во петок ќе го одигра претпоследниот натпревар во квалификациите од Лигата на Нации. Во понеделник (26. септември) не чека натпреварот дома против Бугарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бетис нуди нов договор на Иско, кој ќе го израмни со Антони

Бетис подготвува нов договор за 33-годишниот играч од средниот ред Иско, кој ќе го стави р…