Дома Фудбал Лига на шампиони Пиоли: Ќе биде тешко против Динамо, заслужено го победија Челзи

Пиоли: Ќе биде тешко против Динамо, заслужено го победија Челзи

Стратегот на Милан, Стефано Пиоли ги предупреди своите играчи дека нема да биде лесно против Динамо Загреб во второто коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на италијанскиот шампион на прес-конференцијата за медиуми истакна дека Динамо заслужено го победил Челзи во првото коло.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Пред нас е важен и тежок натпревар, но не и натпревар кој е одлучувачки. После него можеме да бидеме први во групата. Имаме прилика, меѓутоа нема да биде лесно, Динамо покажа против Челзи дека незгоден тим, заслужено победија“.

„Ако играме на високо ниво ќе имаме шанси да победуваме во Европа и Италија. Против Сасуоло не бевме на тоа ниво и затоа не победивме. Го бирам најдобриот тим кој го имам на располагање за секој натпревар, а утре ќе играме максимално одлучно“, изјави Пиоли.

Милан и Динамо својот натпревар го играат утре од 18:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…