На Балканско Првенство во џудо во Кочаели Турција кое се одржува во организација на Балканската џудо асоцијација и техничка организација на Турската џудо федерација на 10 и 11 Септември на првиот ден од настанот освоен е еден бронзен медал. Во категоријата до 40 кг.




Репрезентативка Теа Настоска инаку член на ЏК Сеишин Прилеп освои 3 то место. Истата демонстрира одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет ги круниса со Балканска бронза што е прв медал и за ЏФСМ оваа година од поголемите меѓународни настани оваа година.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Тренерот истовремено и селектор на кадетската селекција Дејан Мицкоски како и Тренеерот во клубот и Тренер на кадетската селекција се задоволну со постигнатиот успех, потенцирајќи дека оваа е само почеток со оглед дека Теа е прва година Кадетка и пред неа пред неа претстојат уште многу натпревари, кампови и подготовки.




Покрај Теа од ЏК Сеишин настапија и Теона Настоска -44 кг. ( 5 то место) и Никола Магдески -66 кг. ( 9 то место) кои прикажаа одлични борби и беа на чекор до борби за медал но не успеаја да се пласираат на пиедесталот.