Дома Фудбал Италија Алегри за контроверзно поништениот гол: Зошто никој не гледа каде е Кандрева?

Алегри за контроверзно поништениот гол: Зошто никој не гледа каде е Кандрева?

Јувентус вчера одигра 2:2 против Салернитана, „старата дама“ иако губеше со 0:2 можеше и да победи на овој натпревар. ВАР во судиското продолжение контроверзно поништи гол кој веројатно беше регуларен (ТУКА).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Судиите проценија дека Бонучи бил во недозволена позиција откако Милик играше со глава, меѓутоа Алегри на прес-конференцијата порача да се види каде стои Кандрева во близина на корнерот. Кога ќе се види позицијата на Кандрева, тогаш е јасно дека и Бонучи не е во офсајд.

„Не сакам да зборувам за судиите после натпреварот. Нас ни беше поништен гол и тоа е факт од кој не се бега. Се што ќе кажам е да се погледне видеото каде што се гледа каде е Кандрева. Никој на судиите на теренот не им го покажа тоа видео, не знам што да кажам“, изјави Алегри.

Aлегри поради реакциите по овој поништен гол во финишот заработи црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргент…