Шпанскиот репрезентативец Иско конечно се соочи со вистината и призна дека вината што добива мала минутажа е исклучиво негова.
По доаѓањето на Зидан на кормилото на Реал, Иско добива многу мала минутажа, но тој на тоа гледа како на дополнителен предизвик за напредок и истакна дека вината е кај него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не сум глуп, ако не играв кај Анчелоти, кај Бенитез и сега кај Зидан, тогаш јас сум виновен“, призна Иско.
„Јас бев стандарден првотимец само додека играв за Малага, а по доаѓањето во Реал во 2013 година ми беше јасно дека ќе морам да се борам за место во тимот. Вистината е таа, се сменија тренери, а јас останав резерва, значи вината е кај мене, не може сите да не ме сакаат. Како и да е, јас сум решен да се борам, да ги покажам своите квалитети и се надевам дека во иднина ќе настапувам на повеќе натпревари“, додаде шпанскиот репрезентативец.