Дома Фудбал Репрезентации Босна закажа пријателски натпревар со Русија, Пјаниќ порача: Ова не е добра одлука…

Босна закажа пријателски натпревар со Русија, Пјаниќ порача: Ова не е добра одлука…

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина денес закажа пријателски натпревар против Русија во ноември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, веднаш по објавата дека Босна прифатила да игра со Русија стигнаа голем број реакции поради инвазијата на оваа земја во Украина. Миралем Пјаниќ одлучи и јавно да се огласи.
На Пјаниќ не му се допаѓа тоа што неговата земја ќе игра против Русија.

„Ја слушнав одлуката на сојузот. Тие знаат што мислам јас за тој натпревар. Ме повикаа и ме прашаа, кажав што мислам. За мене таа одлука не е добра, немам зорови. Не би можел повеќе да коментирам, само ќе кажам дека не е добро“, кратко изјави Пјаниќ.

Останува да се види дали одлуката на сојузот ќе остане иста или пак ќе има промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…