Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Седлоски се врати во Шкупи

Официјално: Седлоски се врати во Шкупи

 Гоце Седлоски се врати на клупата на шампионот Шкупи, иако пред само две кола одлучи да го напушти клубот.

 Овојпат тој доаѓа заедно со Арбен Нухиу како прв асистент. Оваа одлука е донесена откако раководството не можеше да пронајде подобро решение по заминувањето на Седлоски.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Седлоски ќе се обиде да ја врати екипата кон посакуваните резултати, а следниот лигашки меч ќе го има за два дена дома против Работнички.

„Почитувани фанови, ве известуваме дека нов тренер на Шкупи ќе биде Гоце Седлоски додека како негов прв помошник ќе биде клупската легенда Арбен Нухиу. Заедно со нив на функцијата претседател на клубот се враќа и Суат Алија“, стои во соопштението на Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…