Aнтоан Гризман поистигна три гола во пет натпревари оваа сезона и така го најави своето враќање во голгетерската форма.
За споредба целата своја претходна сезона во Атлетико постигна само три гола на 29 натпревари. Треба да се нагласи и дека Гризман игра во ограничена минутажа и игра околу половина час.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Против Порто во влезе во 61. минута и погоди за победа во Лигата на шампионите, против Гетафе влезе во 62. минута и ги постави конечните 3:1, а со неговиот гол Атлетико ја победи Валенсија 1:0. На тој натпревар влезе во 64. минута.
Токму ваквата мала минутажа на Гризман е причината за најавената тужба од Барселона за Атлетико. Каталонците ќе бараат 40 милиони евра. Барселона го позајми Гризман и во неговиот договор стоеше откупна клазула ако Гризман одигра повеќе од 50% на натпревар без разлика дали е од првата минута на теренот или од 90.
Така тоа го толкуваат во Каталонија. Во Мадрид сметаат дека тие 50% се однесуваат на неговата втора сезона и поминатото време на теренот и во клубот затоа имаат стратегија да му дозволуваат лимитирана минутажа.